еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ОМО Илинден-Пирин: Нашиот клуб двапати беше искршен, ама во Бугарија никој не реагираше

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден – Пирин реагираше на палењето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михалов“ во Битола, а во реакцијата на Фејсбук, посочуваат дека постои разлика меѓу Македонија и Бугарија како се решаваат тие прашања.

-Пред неколку дена беше запален влезот на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Настанот беше одразен во медиумите, актот беше осуден од македонските власти на владино ниво, веднаш беше започната истрага и за само неколку дена осомничениот е уапсен и притворен.

Во 2007 и 2008 г. на два пати беше напаѓан клубот на ОМО „Илинден“- Пирин во градот Гоце Делчев – скршени стакла, исцртани свастики и др.

Полицијата одби да започне истрага зашто штетата не била доволно голема, медиумите не соопштија за настанот, властите не го осудија вандализмот и се разбира никој не беше казнет, стои во реакцијата на ОМО Илинден-Пирин.

Фото: Фејсбук/ОМО Илинден-Пирин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат во историјата: САД забранија продажба и увоз на нови уреди од кинеските производители Huawei и ZTE

Редакција

„Ако Груби не биде сменет или не си замине, ќе има политичка војна во ДУИ,“ вели Муса Џафери за „Слободен печат“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ собира донации за да ги покрие трошоците за претстојните избори

Редакција