еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ОН со сериозно предупредување за супербактерии, отпорни на лекови, кои можат да убијат 10 милиони луѓе годишно

Намалувањето на загадувањето предизвикано од фармацевтскиот и земјоделскиот сектор е клучно во борбата против ширењето на супербактериите кои се отпорни на лекови и може да убијат до 10 милиони луѓе годишно до 2050 година, предупредуваат Обединетите нации (ОН).

„Се поочигледно е дека животната средина игра клучна улога во развојот, пренесувањето и ширењето“ на антимикробната отпорност (АМР), се вели во извештајот на ОН објавен денеска.

Оваа отпорност се развива кога микроорганизмите како што се бактериите, вирусите, паразитите или габите стануваат отпорни на антимикробни терапии на кои претходно биле чувствителни.

Светската здравствена организација (СЗО) ја смета отпорноста на антибиотици за закана и стравува дека светот се движи кон период во кој секојдневните инфекции повторно ќе почнат да убиваат.

ОН проценуваат дека 1,27 милиони смртни случаи во 2019 година биле директно поврзани со инфекции отпорни на лекови. Очекуваат дека до 2050 година тој број би можел да се зголеми на дури 10 милиони нови смртни случаи годишно.

Таа отпорност е поттикната и од прекумерната употреба на антибиотици, но ОН нагласуваат други фактори кои поретко се споменуваат. Така, се забележува дека отпорноста е „тесно поврзана со тројната криза на нашата планета: климатската криза, губењето на биолошката разновидност и природните живеалишта и загадувањето и отпадот“.

ОН предлагаат збир на решенија кои се насочени кон секторите кои го зголемуваат проблемот. Пред се, експертите на ОН бараат „фармацевтската индустрија да обезбеди соодветно отстранување на искористената отпадна вода“ и во таа смисла да се донесат построги регулативи.

Болниците треба да инсталираат специфични системи за прочистување на искористената вода и да гарантираат трајно уништување на лековите, посочуваат експертите.

Во земјоделството, се советува „повторно да се проценат границите на антимикробните средства“ и да се „намали отпадот“ со цел да се заштитат течностите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спаси многумина, но не успеа да го победи Ковид-19: Почина Гоце Илиески, шоферот на Брза помош

Редакција

Пронајдени две лица кои исчезнале на падините на Шар Планина во реонот кај Титов Врв

Редакција

Да помогнеме: Наталија боледува од канцер, а доживеала и мозочен удар, потребни се средства за лекување

Редакција