еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

One-stop shop и на границата со Албанија

Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли денеска беше утврден на владината седница.

Во текстот на законот станува збор за гранични контроли со едно застанување или One-stop shop и поедноставни постапки, што се спроведуваат на еден заеднички премин.

Од Владата велат дека со концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин ќе се постигне побрз и поедноставен протокол на граничните премини.

Во рамки на денешната седница, Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Македонија и Владата на Турција, како и текстот за Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР со честитка за Илинден

Редакција

„Хај скардус треил“ ги поврзува Албанија, Македонија и Косово со можности за планинарење во должина од 495 км

Редакција

(Фото) По пауза од 18 години за Илинден македонска државно-црковна делегација во „Прохор Пчински“

Редакција