еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Онлајн сервисна служба нуди бесплатна поддршка во образовниот процес за децата со попреченост 

Секое дете со попреченост има потреба од индивидуална континуирана стручна поддршка, со цел максимален развој на неговите потенцијали. Во период на зголемени мерки за заштита од вирусот Ковид-19 и ограниченото движење, најголемиот дел од сервисните служби беа принудени да ги прекинат услугите или да ги трансформираат своите услуги и преку алтернативни начини, техники и методи, да ги понудат на нивните корисници.

Во таа насока и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците„ со цел да овозможи континуитет во својата работа со децата со попреченост, во партнерство со УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика ја креираше платформата Онлајн сервисна служба, којашто нуди високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост.

Преку платформата се испорачуваат четири вида услуги за деца со попреченост: индивидуализирана поддршка за користење компјутер и интернет, рана стимулација на развојот, логопедски услуги и советодавно-консултативна поддршка за родители/старатели.

Услугите се базираат на пристапот во чиј фокус е самиот корисник (person-centered approach) и се во насока на подобрување на личниот развој на децата.

„Нашите специјални едукатори и логопеди, за секое дете кое ги исполнува критериумите за поддршка, дизајнираат индивидуализирани планови за онлајн часови по кои понатаму заедно во соработка со родителите/старателите на детето работат на подобрување на некои животни вештини кај детето, му помагаат при учењето, го подобруваат говорот кај детето и слично.

За да овозможиме квалитетна поддршка тимот одвојува време да ги идентификува потребите на секое дете посебно. Во периодот кој претстои ќе се стремиме да осигураме дека сите наши досегашни и нови корисници ќе ја добијат потребната грижа и поддршка,“ изјави Кренар Ќоку од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

Регистрацијата може да се изврши преку пополнување на барање на платформата на следниот линк otw.assistive.mk/baranjeMK или преку јавување на телефонските броеви во продолжение: 072275211за македонски јазик и 071989822 за албански јазик.

За да се информирате подетално за бесплатната платформа „Онлајн сервисна служба„, ве молиме кликнете на линкот во продолжение: otw.assistive.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела од Ковид-19 починале девет лица

Редакција

Уште утре топло, од недела дожд, пообилни врнежи во вторник

Редакција

Од 27. октомври ни трага, ни глас од исчезнатиот скопјанец Богољуб Митов

Редакција