еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Опфатот со вакцинација против Ковид-19 во Македонија е 46%

Опфатот со вакцинација против Ковид-19 е 46 отсто. Со поранешните бројки опфатот беше над 43 отсто. Тоа не значи многу, многу е битно да знаеме дека имаме сосема доволен број вакцини и ги имаме на располагање за секој граѓанин кој е заинтересиран за вакцинација, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

За жал, посочи министерот, интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани, што е позитивна вест.

– Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик од коронавирусот, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница Куманово по повод реализираниот проект за гасификација на оваа јавна здравствена установа.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нашата европска интеграција е заложник на Бугарија и на зборување за историја, што гледам дека сите земји од ЕУ го одобруваат, вели Ковачевски

Редакција

Русија вели дека “топката“ е кај Украина, Зеленски не знае дека постои документ за мировни преговори што Кремљ им го пратил

Редакција

Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед

Редакција