еМагазин
Image default
Локално

Опожарени четири возила на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје

На 08.02.2021 во 00.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје настанал пожар во возило, по што пожарот се проширил и на соседните возила, информира МВР.

Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило “киа делта“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Б.(49); патничко моторно возило “ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице; патничко моторно возило “форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.В. и патничко моторно возило “пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице.

Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа. Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Седумдесет санкции за еден час во Велес, над 10.000 санкции за дваесетина дена во државата

Редакција

Жена од охридско што се изгубила берејќи печурки, пронајдена е денеска

Редакција

Со камен расчистувале расправија на „Дижонска“ во Скопје

Редакција