еМагазин
Image default
Македонија

Општина Вевчани со осуда за палењето на бугарското знаме на карневалот

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на Вевчанскиот карневал, соопшти денеска градоначалникот Сашо Јанкоски.

Овој чин, според него, не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население.

– Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимена со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции, истакна Јанкоски.

Општина Вевчани и Вевчанци, нагласи тој, и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави.

– Упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот низ годините од речиси сите светските медиуми.

Се надеваме дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи, посочува Јанкоски во осудата.

На традиционалното палење василичарски маски, вчера во Вевчани беше запалено знамето на Република Бугарија, кое беше дел од маските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство Струга ќе истражува за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Фото: Општина Вевчани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар на армискиот полигон Криволак

Редакција

(Видео) Се уште сум во Македонија: Се огласи Ѓорге Давид, српскиот музичар кој прегази жена, која почина

Редакција

Клиниката за онкологија формираше конзилиум за правилна и подобрена покриеност на пациентите со биолошка терапија

Редакција