еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Органско пазарче во Јавна соба: Од вистински домат и природни јагоди до тартуфи и ретки домашни вина

Започнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во Македонија. Овој настан е исклучително битен како поддршка за макотрпната работа на земјоделците кои произведуваат малку, внимателно и природно и секако заради потрошувачите кои сè повеќе се едуцираат и се насочуваат кон здрава и природна исхрана како превенција од штетните, синтетички состојки кои ги внесуваме поради начинот на живот.

На 6. мај, сабота со почеток во 10:00ч. на зелената тераса во Јавна соба повторно се отвора Пазарче.орг (орг = органска храна). Посетителите, покрај дегустацијата која е карактерситична за овој органски пазар, ќе имаат можност да се снабдат со свежо овошје и зеленчук, зачини, јаболков оцет од диви јаболки, маџун, јаткасти плодови, компоти, сирења и кашкавали, сувомеснати производи, медови, производи со тартуфи, мармалади и сл., призводи кои се произведени од поединци или од семејни производители.

Вината и ракиите од мали семејни винарии и дестилерии, се автентични и неповторливи, а од причина што се произведуваат во мали количини може да се купат само на овој настан.

Доказ за нивниот квалитет се многуте награди освоени на домашни и регионални натпревари. Зачин на целиот процес на пазарење и дегустација е диџеј Јоци и кулинарскиот перформанс на правење самбал (индонезиски лут намаз) на Пол Хотхаузен.

Љубителите на добри летни коктели ќе имаат можност да дегустираат коктели од винската сорта “Станушина” како поддршка за Денот на Станушината – 7. мај.

Пазар.орг е во организација на Јавна соба во соработка со Бакалница.нет, Зелена република и Прва органска задруга, кои решија сите овие вкусови од Македонија да ги доближат до пошироката јавноста со цел да се разбие стигмата дека органското е скапо, неубаво на изглед и тешко достапно кај нас.

Напротив, производителите на свежи и преработени органски производи во изминатите години напредуваа брзо благодарение на повисоката свест кај сѐ поголемиот број граѓани кои разбраа дека конвенционалната храна содржи во себе огромен број на пестициди, кои знаеме што тие му прават на нашиот организам – го насочуваат кон фармацијата.

Факт е дека многу луѓе во Скопје сѐ уште немаат пробано вистинско непрскано јаболко или домат, кои на изглед ја немаат формата и сјајот како оние кои се десетина пати поминати со најразлични препарати.

Пазар.орг ќе се одржува секоја сабота на зелената тераса во Јавна соба со цел да се креира поголема афирмација и застапеност на пазарот на малите македонски производители и да се помогне секој еден органски продукт полесно да го најде местото до трпезите во цела Македонија и пошироко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Второ издание на форумот МакеКоПроДокс во рамките на фестивалот „МакеДокс“

Редакција

Денеска ќе се одржи организирана тура во трчање низ пределот каде што беше снимен „Медена земја“

Редакција

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи 16 до 23 август

Редакција