еМагазин
Image default
Бизнис

Оштетените штедачи на Еуростандард банка со иницијатива до Уставниот суд

Здружението на оштетените штедачи од „Еуростандард банка“ до Уставниот суд поднеле иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 163 став 3 од Законот за банки со кој се дава предност за целосна наплата од стечајна маса на Фондот за осигурување на депозити.

Со овој член од Законот за банки, како што појаснуваат, се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајна постапка на банка, бидејќи врз основа на оваа одредба се фаворизира побарувањето на Фондот за осигурување на депозити наспроти сите други доверители.

– На овој начин, во исклучителна подредена позиција се доведуваат граѓаните – физички лица кои имаат депозити над износот на осигурување во Фондот (30.000 евра) и особено правните лица – депоненти за кои не постои никакво осигурување и обештетување при настанување на стечај на банка, се вели во денешното соопштение од здружението.

Од Уставниот суд бараат да изрече привремена мерка со која би се сопреле од извршување сите подзаконски акти или дејствија што се превземени врз основа на овој член од Законот за банки до конечната одлука на Уставниот суд.

Потсетуваат дека не отстапуваат и од нивното барање за целосно обештетување на нивните депозити преку носење на закон, уредба на Влада или некој друг правен механизам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кичево склучи договор со фирма од Косово вреден 805 илјади евра

Редакција

Дизелот поевтин за 1,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП, на истата се уште се фирмите кои се поврзуваат со Мијалков

Редакција