еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нов јапонски амбасадор во Македонија е Оцука Казуја

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Јапонија во земјава Оцука Казуја.

На средбата, како што соопшти МНР, Османи изразил уверување дека со неговиот ангажман амбасадорот Оцука ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката.

Воедно, тој се заблагодарил за долгогодишната јапонска помош за Македонија, преку која се поттикнува општествениот развој и напредокот на нашиот народ.

Дополнително, Османи ја нагласил и значајната улога на Јапонија во целокупниот регион, што се потврдува преку бројните регионални проекти во рамки на „Јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан”.

Соговорниците констатираа дека билатералните односи се на највисоко политичко ниво, нагласувајќи ги заложбите на двете страни за дополнително унапредување на економската соработка и бизнис релациите, додаваат од МНР.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димовски до Милевски кој е против францускиот предлог: Ако Владата не ве послуша, повлечете ја поддршката

Редакција

(ВИДЕО) Што договорија Путин и Ким

Редакција

Вкупно 4.509: Од Ковид-19 починаа 31 лице

Редакција