еМагазин
Image default
Македонија

Османи на шведската колешка Линде и врачи постхумно признание за Ана Линд, по повод триесетгодишната независнот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари средба со актуелниот претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде.

На средбата главна тема на дискусија била активностите во рамките на ОБСЕ, актуелното претседавање на Шведска со организацијата и претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023.

„Споделуваме исти заложби и вредности и во тој контекст претседателствата на нашите земји со ОБСЕ, заедничкото учество во Тројката претседавачи, претставува одлична основа за отпочнување на нашите подготовки за превземање на кормилото со оваа значајна организација во 2023 година и секако можност за проширување и интензивирање на меѓусебната комуникација, како дополнителен импулс и за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји“, истакнал Османи.

Османи информирал за досегашните постигнувања во спроведувањето на реформите особено во областа на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, човековите права, слобода на медиумите и родовата еднаквост.

Министрите разговарале и за европското досие на Македонија и за претстојните аспекти кои ќе доведат до унапредување на нашата интеграција кон ЕУ.

„Северна Македонија го исполни својот дел од обврските, факт што неколку пати беше констатиран од сите релевантни ЕУ институции, но и многуте шефови на држави и влади, како и министри за надворешни работи и европски прашања на земјите членки на ЕУ.

Сметам дека пораките што ЕУ ќе ги испрати, ќе бидат во насока на потврда на постигнатото и ќе дадат импулс на земјата и целиот регион да продолжиме со имплементација на реформите кои значат конвергенција со европските правила и стандарди, но уште повеќе, ќе не охрабри да продолжиме и со политичкиот дијалог за надминување и на најтешките прашања“, нагласил Османи.

Министерката Ан Линде ја поздравила посветеноста на Владата  во спроведувањето на реформите, истовремено поздравувајќи ги подготвителните активности за нашето претседавање во 2023, наведувајќи дека со истите Македонија покажува голема сериозност и посветеност која сигурно ќе гарантира успешно претседавање.

Османи ја искористил посетата на министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде, на Скопје, за да и го врачи постхумното признание по повод 30 години независност, за Ана Линд, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ во 2001.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре полициски час од 21, а терасите на кафулињата и рестораните ќе работат до 20.30 часот, одлучи Владата

Редакција

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

Редакција

Нема препорака за нови рестриктивни мерки

Редакција