еМагазин
Image default
Македонија

Нема препорака за нови рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и д-р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки, како што се посочува, ќе одлучува на состанокот во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

Како што денеска посочи министерот Филипче, мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила како забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејствата на дипломатите и 12 македонски државјани се вратиле од Украина

Редакција

Мерцедесот се запалил во движење: Детали од МВР за запалениот автомобил на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Манасков

Редакција

(Видео) Запленета дрога вредна шест милиони евра од фабрики за канабис во Кавадаречко и Битолско 

Редакција