еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Семејствата на дипломатите и 12 македонски државјани се вратиле од Украина

Можноста за ескалација на состојбата во Украине е се поприсутна. Мапирани се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на Амбасадата во наредните три месеци, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи во однос на состојбата во Украина.

Османи нагласи дека 12 лица веќе ја информирале Амбасадата дека се вратиле во државата, како и дека минатата недела пуштиле апел да се користат се уште присутните комерцијални летови за да може да се вратат во Скопје.

Според Османи, останува отворено прашањето за нашите 30 набљудувачи во рамки на мисијата на ОБСЕ.

– Останува прашањето на 30 наши набљудувачи во рамките на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, некои земји ги имаат повлечено – САД, Канада, Велика Британија, а Данска и Холандија ги имаат дислоцирано на побезбедна локација.

Нашата позиција е малку поспецифична, затоа што ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и се разбира повеќе внимаваме какви пораки ќе дадеме по однос на мониторинг-механизмите на ОБСЕ, меѓутоа сме во комуникација со нашите луѓе во мисијата и сум во комуникација со генералниот секретар на ОБСЕ. Се слушнав во петокот со госпоѓа Шмит, а очекувам денеска повторно да имаме разговор, како и со Полска и на Шведска, изјави Османи.

Тој нагласи дека се во координација за формирање на Мисија за утврдување на факти во рамки на тојката претседавачи, а по повикот на украинскиот МНР.

– Ние сме во координација кој би бил мандатот на таа мисија, на кое ниво би се отишло таму, дали на министерско, дипломатско или воено-експертско ниво. Сите тие координации ги правиме заедно со партнерите во рамки на тројката претседавачи, изјави Османи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се огласи Христијан Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го исчисти лошото во партијата

Редакција

Седум новопочинати од Ковид-19, вкупно 792

Редакција

Русија соопшти дека ги исполнила првичните цели на инвазијата врз Украина

Редакција