еМагазин
Image default
Македонија

Османи се надева дека протерувањето на рускиот дипломат нема да влијае на нашите односи со Русија

Се надеваме дека нашата одлука за прогласување на еден руски дипломат за пресона нон грата, нема да влијае врз односите меѓу Северна Македонија и Русија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска одлуката на МНР за протерување на дипломатот од земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оваа е непријателски чин“: Русија најави контрамерки за протерувањето на дипломатот од Македонија

Османи повтори дека ваквата одлуката е донесена поради однесување на дипломатот, кое е неспоиво со дипломатскиот статус и правила.

– Врз основа на сериозна истрага на случајот донесена е одлука тој да ја напушти земјата во рок од 7 дена, додаде Османи.

Шефот ма македонската дипломатија изјави дека засега нема најава за реципрочна мерка од руска страна, но, како што нагласи, секоја држава има инструменти и можност да преземе теков чекор.

– Оваа одлука не е поврзана со нашите односи со Руската Федерација, иако се случува во услови како да се солидаризираме со нашите сојузници во врска со некои однесувања на Русија, додаде Османи.

Според него, во јавноста се отвора лажна дилема дали сме со САД или Русија, бидејќи таа одлука државата ја има донесено уште од првите години на независноста, со Резолуцијата во Собранието од 1993 година за членство во НАТО.

Тој нагласи дека со членството во НАТО нашата позиција на меѓународната сцена е значително променета и партнерството со 29 други земји се гради со јасна партиципација и придонес за почитување на принципите на тоа сојузништво.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Русија ќе преземе соодветни чекори како одговор на протерувањето на рускиот дипломат од Северна Македонија.

– Најостро ги осудуваме таквите неосновани потези кои дефинитивно ќе влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Ќе следат мерки на одговор, наведе руското МНР во соопштението.

Македонското МНР во вторникот соопшти дека, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност во Северна Македонија.

Нотата со која се наложува дипломатот да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, му била предадена на рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин во МНР на 14 мај.

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на МНР во врска со израелско-палестинскиот судир, Османи нагласи дека земјава се придружува кон повиците за деескалација на тензиите и осуда на нападите врз цивили и ги поддржува меѓународните напори за прекин на насилствата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за надворешни работи на Романија, Чиамба: Одлуката за Северна Македонија е донесена едногласно

Редакција

Ахмети тврди дека спорот со Бугарија ќе се реши пред тамошните парламентарните избори

Редакција

По четворица е распишана централна потерница, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани

Редакција