еМагазин
Image default
Македонија

Османи вели дека не го засенувал Димитров

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 одговори на шпекулациите во јавноста дека го засенува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

„Никола Димитров е вицепремиер за ЕУ, јас сум МНР. И двајцата си ја вршиме својата работа. Јас не му се мешам него во работата, тој не ми се меша мене. И двајцата работиме во интерес на граѓаните“, порача Османи.

Тој додаде дека не знае зошто во јавноста се шпекулираат овие наводи.

„Зошто во јавноста се шпекулира дека Димитров е засенет од мене, не можам да кажам, но јас не мислам така“, рече Османи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

Нови 166 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

Редакција