еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Основани две национални установи поврзани со Илинден

Во чест на Илинден, основаме две нови национални установи поврзани со афирмација на настани и личности значајни за илинденскиот период и за македонската државност, информираше премиерот Димитар Ковачевски.

„Владата на денешната седница донесе одлуки за основање Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ и Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“.

Преку Центарот за култура „Десет дена Крушевска Република“ во Крушево ќе поттикнуваме творештво на современиците, инспирирано од Илинден и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и за афирмација на нашата држава.

Манифестацијата „Денови на Смилевскиот конгрес“ ќе биде сместена во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев во село Смилево и ќе ги одбележува деновите на Смилевскиот конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ.

Овој Конгрес е длабоко врежан во свеста на македонскиот народ за значајниот период на поставувањето на темелите на македонската државност,“ вели во објавата на Фејсбук, Ковачевски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Продолжува трендот на поголем број на излечени од активните случаи со корона вирусот

Редакција

„Виз Ер“ на два месеци ќе ги прекине летовите од Скопје до Болоња и Луксембург

Редакција

Почина италијaнската фудбалска легенда Паоло Роси

Редакција