Унапредување на наставниот процес и организацијата на наставата, зајакнување на недискриминацијата, забрана за понижувачко постапување за учениците и за вработените во училиштата, воспоставување принцип на целосна инклузија на учениците со попреченост, спречување на насилството и други девијантни појави во училиштата, елиминирање на политичките влијанија… Ова се дел од содржините на Предлог-законот за основно образование што денеска во Владата го презентира министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Адеми нагалси дека законот е креиран внимателно, со интегриран сеопфатен пристап и со учество на сите засегнати чинители, со цел постигнување поквалитетен национален образовен систем.
Целиот закон, нагласи, се темели на принципите на недискриминација по сите основи, спречување на насилството и други девијантни појави во училиштата, во воспитниот образовен процес, достапноста до услугите, вработување, кариерно вработување и престанок, ученичкото организирање…
Новиот Предлог-закон е ставен за јавна расправа во наредните 20 дена кога ќе може да се доставуваат мислења, забелеши, укажувања.
– Новиот закон содржи одредби кои значат унапредување на наставниот процес и начин на организација на наставата, зајакнување на темелните уставни вредности во образовниот процес како што е недискриминацијата, забраната за понижувачко постапување за учениците и за вработените во училиштата, воспоставување принцип на целосна инклузија на учениците со попреченост преку сеопфатени систем на поддршка имајќи ги предвид индидвидувалните потреби на учениците, појасни министерот Адеми.
Додаде дека се планира и професионализација на училишното раководство, елиминирање на какви било можности за политички влијанија, воспоставување систем на ученичко организирање, унапредувањена приправничкиот стаж и промена на начинот на полагање на приправничкиот испит, надворешни мерења на постигнувањата на учениците за подобрување на воспитно образовниот процес односно меѓународни и државни проверки.
Паралалено, се изготвува нов закон за наставници и стручни соработници во основните и во средните училишта, со кој се унапредуваат нивниот статус и права, преку креирање модел за кариерен и професионален развој.
Постигнување јазична писменост, изучување други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемништво, уметничко изразување култура и мултиукултура, се дел од новините во новиот Предлог-закон.
Новото законско решение, истакна Адеми, не предвидува намалување на бројот на наставни денови затоа што сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14 години добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во други земји од ОЕЦД што е рамно на една и пол година образование.
– Нема намалување на бројот на часовите, но е предвидено дека веќе саботите нема да се одработуваат бидејќи тоа досега резултира како непродуктивно. Ако треба школската година ќе потрае малку подолго зависи колку денови од настава е изгубено, рече министерот за образование.
Додаде дека затоа ќе се работи на тоа поквалитетно да се организира времето поминато на училиште, со содржини и можности учениците да се вклучат во поголем број практични активности.
За наставниците со закон ќе се регулираат неработните денови за време на зимскиот распуст на учениците, информира Адеми, прецизирајќи дека најмалку од половина од траењето на зимскиот распуст на учениците се платени неработни денови за наставниците, но тоа не се дел од нивните годишни одмори.
Се воведува и нова надлежност на Наставничкиот совет, а тоа е да дава мислење за распределба на часовите меѓу наставниците.
Останува одредбата за намалување на бројот на ученици во паралелките од досегшнитеа минимум 24, а максималниот број 34 ученици, се предлага минимално 20, а максимално 30 ученици.
– Комибинирана парлалека може да има најмногу до 10 ученици. Новина е тоа по исклучок парлалека може да се формира со најмалку 15 ученици само за наставата по изборните предмети. Целта е да се стимулираат училиштата и да ги поттикнат учениците за предмети од нивен интерес, изјави меѓу другото Адеми.
За учениците со попреченост се предвидени разни поддршки образовни и лични асистенти и технологија. Во таа насока е предвидено законско решение т.н. посебни паралелеки во редовните училишта и во посебните училишта од учебната 2022/23 година повеќе да не запишуваат ученици со попреченост. Оние кои веќе учат ќе можат да ја продолжат наставата, ако е тоа нивна одлука, на родителите или на старателите.
– Ќе се залагаме за процесот на целосна инклузија на учениците со попреченост во редовната настава, нагласи Адеми.
За остварување на правото на образование на сите деца се воведува можност во здравствени установи и домашни услови за деца на домашно и на болничко лекување подолго од три недели.
Квалитетот на оброците односно исхраната предвидено е да ја утврдува Институтот за јавно здравје, а Советот на родители ќе може да побара вонреден инспекциски надзор.
Меѓу новините е и изборот на директорите во основните училишта. изборот ќе се врши по предлог од страна на училишниот одбор до градоначалникот односно министерот.
Новина е и физичкото образование од 1 до 5 одделение, во кое се вклучува и наставник по физичко и здравствено образование.
МИА