еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Осудените лица од затвор Кшање помагаат во дистрибуција на боци со кислород за ковид заболените од кумановската болница

Осудениците од затворот Кшање им помагаат на вработените од кумановската болница и дистрибуираат боци со кислород за ковид заболените, соопштија денеска надлежните од казнено-поправната установа.

– Осудени лица од КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка секој ден помагаат во општа болница во Куманово, со истовар и утовар и со транспорт на боците со кислород на одделенијата каде што има потреба.

Целта е да се помогне на медицинскиот персонал за побрзо и поуспешно справување со коронавирусот. Ваквата помош од страна на КПУ Затвор Куманово ќе продолжи сè додека има потреба, наведуваат надлежните од затворот.

Кумановската болница нема централен довод на кислород, а ковид пациентите се хоспитализирани на три различни одделенија, така што вработените се организираа во три смени за достава на боците до пациентите.

Ова активност на затворот е дел од ресоцијализација на осудените лица.

Претходниот месец осудениците во соработка со ЈП „Чистота и Зеленило“ собираа смет во близина на „Искрин Мост“ Куманово.

Ваквите акции имаат за цел да им овозможaт на осудените лица за време на издржување на казната затвор да извршуваат работни задачи кои ќе придонесат за нивна ресоцијализација, а бенефит има и локалната заедницата.

МИА/Фото: МЗ/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум дена притвор за сопственикот на порталот „Доказ“

Редакција

Изјавата на Иванов за Димитров е „срамно бегство од одговорноста“

Редакција

Нема да има амбасадори со двојно државјанство, власта го повлече предлогот

Редакција