еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести одобри отварање на градинките

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и општините да изнајдат решение за просторните капацитети на градинките, е препораката од состанокот на Комисијата за заразни болести и претставниците на МТСП.

Од Министерството за здравство информираат за МИА, дека на состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МТСП се разговарало за почеток на функционирањето на градинките.

„Заклучокот е дека Комисијата препорачува МТСП и општините да изнајдат решение за просторните капацитети. МТСП да дадат предлог датум за отварање на градинките, согласно можноста за исполнување на условите за спроведување на протоколите кои ги изработи Комисијата за заразни болести“, соопштија од Министерството за здравство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебарчанец почина од Ковид-19, досега вкупно 564 починати од вирусот

Редакција

По Грција и Словенија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција

Земјотрес во Гевгелиско со интензитет од три степени

Редакција