еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Отворен е новиот повик за Млади европски амбасадори

Повикот за аплицирање за Млади европски амбасадори е објавен на webalkans.eu.

Платформата Млади европски амбасадори (YEA) е креативна мрежа на млади активисти од целиот Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија).

YEAs се разнолики, но сепак сите имаат заедничка визија: Западен Балкан обединет во различностите, учењето едни за други и за ЕУ заедно, спроведување на креативни проекти, стекнување на нови вештини, поврзување преку социјалните медиуми, организирање на инспиративни настани – секогаш предводени од идејата дека младинскиот активизам е најмоќната алатка за општествени промени.

Целта на мрежата е споделување на вредностите на ЕУ и подигнување на свеста за соработка на Европската Унија со нејзините партнери од Западен Балкан, прикажување на видливи резултати од оваа соработка, придонес кон политичкиот дијалог на различни теми, поддршка за зголемување на граѓанскиот активизам и заедничката работа за подобра иднина.

Младиот европски амбасадор е млад активист кој се гледа себеси како добар говорник, спремен да ги сподели вредностите на ЕУ, да учествува во проекти и настани поврзани со ЕУ интеграцијата, заштита на животната средина, човековите права, уметноста и културата и новите технологии. Сите млади лица на возраст од 18 до 29 години од регионот на Западен Балкан се поканети да аплицираат.

Апликациите се отворени до 30 јуни. Посетете ја веб-страница webalkans.eu/yea/become-a-yea/ за повеќе информации околу процесот на селекција, како и условите и правилата за учество.

Со цел да им помогнеме на потенцијалните амбасадори при аплицирањето, WeBalkans организира отворени денови на YEA низ регионот, каде што нивните колеги кои се веќе членови на мрежата, ќе ги споделат сите релевантни информации за YEA мрежата и ќе помогнат во процесот на аплицирање.

Организатори на отворените денови на YEA ќе бидат Europe House и Делегациите на ЕУ од регионот на Западниот Балкан и секој заинтересиран може да присуствува на кој било настан. Исто така, амбасадорите ќе организираат и онлајн сесија на отворениот ден на YEA на која младите ќе можат слободно да се приклучат и да поставуваат прашања.

За повеќе информации околу распоредот на отворените денови кликнете овде: webalkans.eu.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

29 ученици на практична настава во Брако, се обучуваат идни заварувачи и техничари

Редакција

(Фото) Имлек протеин со поддршка на 1.930 учесници на трката „Охрид трчат“

Редакција

(Фото) Купи километри на Skopje Run 10K за себе или за десетиците амбасадори затоа што #СекојКилометарЗначи за СОС Детско село

Редакција