еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за школување во меѓународно училиште „Нова“

На 22. ноември почнува конкурсот за стипендиската програма „Борис Трајковски – Нова“ со која се покриваат трошоците за четиригодишно средно образование во меѓународното училиште „Нова“ во Скопје, почнувајќи од учебната 2024/25 година, информираат од таму.

Стипендиите ги доделува училиштето „Нова“, во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“, при што ќе бидат доделени три целосни и три делумни стипендии, со која ќе се покријат 50 отсто од трошоците за школување.

Стипендиите се доделуваат од 2005 година, во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. На конкурсот можат да се пријават сите ученици од државните училишта во земјава кои годинава завршуваат деветто одделение.

Еден од критериумите е учениците одлично да го владеат англискиот јазик, како јазик на комуникација и настава во „Нова“.

Меѓудругото, потребно е кандидатите да ги поседуваат вредностите за кои се залагаше и претседателот Борис Трајковски, а кои се негуваат во училиштето, како што се отвореноста кон нови култури, емпатија, интегритет, разноликост и соработка.

Многу е важно заинтересираните апликанти да се отворени за нови искуства, да размислуваат широкострано, и да се флексибилни за да можат лесно да се адаптираат на образовен систем што е различен од оној во јавните училишта.

Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат во процесот на аплицирање може да се приклучат на виртуелниот состанок преку Зум, на 21. ноември, во 18 часот, кога ќе биде откриена и темата за видео-есејот во првата рунда, чекорите што следат во втората, и сите детали за текот на процесот.

Вашето присуство може да го потврдите со регистрирање на следниов линк: shorturl.at.

Апликациите можат да се доставуваат од 22 до 5 декември 2023. Видео-есејот, како и рефлексијата, односно личното размислување за начинот на којшто ученикот дошол до конечниот видео продукт, треба да се поднесат во електронска форма, а истите ќе бидат достапни на веб-страницата на училиштето: nova.edu.mk.

Комисија од „Нова“ ќе ги селектира најдобрите кандидати врз основа на доставените материјали.

Вториот круг на селекција ќе се состои од тестирање по англиски јазик и математика, како и тимска работа на зададена задача.

Од вториот круг ќе се изберат добитниците на стипендија, и истите ќе се објават кон крајот на февруари.

– Програмата за стипендирање „Борис Трајковски – Нова“ низ годините се етаблираше не само како начин да се овозможи пристап до образовниот модел на „Нова“ за најдобрите ученици од земјава, туку и како извонредна можност тие да осознаат нови искуства, да запознаат нови култури и да го гледаат светот од повеќе преспективи.

Инвестирањето во квалитетно образование е најисплатлива инвестиција, бидејќи така се кројат идните лидери на секоја земја, во различни области. Затоа целосно се вложуваме во оваа програма преку која градиме подобра иднина за нашата земја, но и за општеството во целост, имајќи предвид дека најголемиот дел од досегашните стипендисти денес се врвни професионалци во своите области, како во земјава, така и низ светот – истакнуваат од меѓународното училиште „Нова“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ранци и комплетен прибор добија сите 280 првачиња од Радовиш под слоганот „Само делата се вистина“ од „Адора инженеринг“

Редакција

(Видео) 30 години успешна приказна на Центро Унион и Favorit

Редакција

„Возбудливи приказни зад музиката“: Џијан Емин во друштво со лауреатите Кејв и Сакамото на 9. издание на Скопје Синема Сити

Редакција