еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Отворен прв Центар за менаџирање на дебелината во Македонија

Во пресрет на Светскиот ден на дебелината, четврти март, денеска во рамки на ЈЗУ ГОБ „8 Септември“, беше отворен првиот Центар за менаџирање на обезноста во рамките на државава.

Во центарот лекувањето ќе биде со лекари од различна специјалност. Овде ќе се спроведува едукација на пациентите, регулирање на исхраната, за пациенти кои имаат потреба од терапија ќе се планира фармаколошката терапија, а за екстремно обезни пациенти ќе се даде опција за баријатрична хирургија, која, исто така ќе може да се направи во оваа установа.

– Обезноста зафаќа одреден процент од целата популација и е доста чест проблем. Како кај младата популација, така и кај постарите. Лекувањето на обезноста се третира како хронична болест и во него учествуваат голем број на разни специјалисти, рече д-р Кристијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“.

Доцент д-р Танер Хасан, ендокринолог, началник на интерни одделенија во ГОБ „8 Септември“, информираше дека пациентите ќе можат да доаѓаат во Центарот преку „Мој термин”. Центарот ќе биде зачленет и меѓу ваквите центри во Европа, преку европското здружение за обезност.

– Заедно со Здружението за обезност „ОБЕМ”, ќе имаме заедничка соработка. Ќе реализираме настани и едукативни програми за целото население, со цел да се подигне свеста на населението за обезноста. Бидејќи подолго време наназад, за жал, обезноста не се прифаќаше како хронична болест.

Меѓутоа, веќе последниве години се повеќе доаѓаат до израз компликациите што настануваат од самата обезност како болест. Затоа веќе имаме направено планови заедно со Здружението, за едукација, семинари, симпозиуми низ целата држава. Да се споделат и податоците и информациите, соопшти Хасан.

Тој нагласи дека има доста голем број на пациенти, за жал, во адолесцентна возраст, коишто имаат обезност и ризик за појава на дијабетес и други нарушувања.

Научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на научното Здружение за обезност „ОБЕМ”, го поздрави отворањето на ваков центар.

– За жал, дебелината зазема пандемиски размери. Околу 650 милиони луѓе во светот се обезни. Мора да ја подигнеме свеста дека дебелината е болест, што, за жал, е поврзана со многу компликации.

Целта е навреме да се препознава дебелината меѓу населението и да се побара стручна консултација, да се постави дијагноза и да се следи соодветно и мултидисциплинарно, под контрола на стручен тим. За да се намали телесната тежина во рамките на нормалата и да се подобри општото здравје, рече Ахмети.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин за 2021: Индискиот сој би можел да стане реалност кај нас во септември, вели Мехмедовиќ

Редакција

(Видео) НП Маврово слави 70 години: Убавината каде што се раѓаат нови водопади и дивите животни си прават селфи

Редакција

(Фото) Фамилијарна новогодишна честитка од министерот Бектеши

Редакција