еМагазин
Image default
Македонија

Отворени се ковид центрите на Клиниката на нефрологија, гастроентерохепатологија, очни болести и за уво нос и грло

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 36 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 3 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 8 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.

На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието донесе одлука за прогласување кризна состојба на дел од територијата на државата

Редакција

Отфрлени две листи за градоначалници и шест за советници

Редакција

Врховниот суд го отфрли барањето на Груевски за преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Насилство во Општина Центар“

Редакција