еМагазин
Image default
Македонија

Минатата недела најголем раст на заболени со Ковид-19 има кај децата до 9 години

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 31 јануари до 6 февруари покажуваат дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.

“Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и 30-39г (n=2.004, 20,1%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4% и над 10- 19г со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 5.357 (53,7%) лица од женски и 4.625 (46,3%) од машки пол“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 147 смртни случаи од Ковид-19

Минатата недела се намалил бројот на лица кои по вторпат заболеле со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реализирани само 52% од активностите за реформа на јавната администрација, утврди Државна ревизија

Редакција

Кај 3 лица од новозаболените со коронавирусот констатирана хронична и здравствени состојби

Редакција

(Фото) Катица преку ден на работа кај синот, навечер е во затвор

Редакција