еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Половина милион луѓе починале од Ковид-19, откако е откриен сојот омикрон

Светската здравствена организација (СЗО) изрази жалење, бидејќи половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот омикрон на коронавирусот, иако постојат вакцини, нарекувајќи го бројот „повеќе од трагичен“.

– Иако целиот свет се изјасни дека омикронот е побенигнен, половина милион луѓе починаа откако е откриен, изјави претставникот на СЗО, Абди Махамуд.

Тој истакна дека „во ерата на ефективни вакцини, половина милион починати е повеќе од трагично“.

Според него, во светот се регистрирани 130 милиони заразени случаи и 500.000 починати откако СЗО го нарече омикрон „загрижувачка“ варијанта кон крајот на ноември.

– Бројот на случаи на омикрон е „неверојатен“, а реалниот број на инфицирани и смртни случаи веројатно ќе биде поголем од официјалните бројки, истакна претставничката на СЗО, Марија Ван Керхове.

Од Ковид-19 починаа речиси 5,75 милиони луѓе низ светот од почетокот на пандемијата. Досега се употребени 10 милијарди дози од вакцините.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на прием кај британскиот премиер Борис Џонсон

Редакција

Катарза или агонија: Мицкоски се „сликаше“ со младите, а тие му поднесуваат оставки

Редакција

По казната за Бујар Османи: Македонија како Скандинавија

Редакција