еМагазин
Image default
Македонија

1.015 заболени и суспектни на Ковид-19 се лекуваат низ болниците во државата

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 587 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 6, Кавадарци 68, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.015 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 86 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Кревети на Катица Јанева и мебел, гардероба и чанти на Боки 13 одат на продажба

Редакција

Забрана за влез на Ангел Џамбаски и други бугарски граѓани, предложи Пендаровски до Владата

Редакција