еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Оваа недела ќе се одржат шест инфо денови за ИПАРД

Минатата недела во општините Сопиште и Петровец се одржаа 2 инфо дена во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020.

Голем број на лица беа заинтересирани за мерките, посебно за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4-ти октомври и трае до 18-ти ноември 2019 година.

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат граѓаните и сите заинтересирани за постапките и условите за аплицирање за средства од ИПАРД II Програмата 2014-2020 и тие во текот на наредните неколку недели ќе ги продолжат своите активности преку инфо денови во повеќе општини и населени места.

Согласно планот, оваа недела ќе се одржат инфо денови, и тоа:

15 Oктомври 2019 – Берово (мала сала во Општина Берово во 11:00ч.) и Пехчево (кино сала во ОУДК „Јане Сандански“ во 15:00ч.),

16 Oктомври 2019 – Дојран (ресторан „Калдрма“ во 11:00ч) и Негорци (ресторан „Центар Негорци“ во 15:00ч),

17 Oктомври 2019 – Белчишта (сала во Општина Дебрца во 11:00) и Охрид (голема сала на општина Охрид во 15:00 ч.).

Во склоп на овие денови ќе се претстават мерките 7 и 3, со тоа што во фокусот на вниманието ќе биде мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ имајќи во предвид дека објавениот Јавен повик 01/2019 се однесува на аплицирање по мерката 7.

Од вкупно предвидените 68 милиони евра што се на располагање преку ИПАРД 2 Програмата, во земјава се искористени 19 милиони евра. Се очекува до крајот на годината да бидат искористени уште 8,7 милиони евра, што се оценува како добар знак и за земјата и за Брисел.

Најголем број од апликациите се однесуваат на земјоделските стопанства за набавка на механизација, следуваат барањата за поддршка за преработувачката индустрија за воведување стандарди, нова опрема и технологија, а дел се однесува и на мерката за диверзификација на бизнисот, што овозможува развој на руралните средини.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа ipardpa.gov.mk, mzsv.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕФСА ја отпочна кампањата „Стоп за африканската свинска чума“ во Југоисточна Европа

Редакција

ЕУ подготвува пакет за создавање услови за прием на нови членки, вели Вархеји

Редакција

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на португалската министерка за македонскиот јазик

Редакција