еМагазин
Image default
Локално

ЈП ПОЦ: Бесплатен паркинг за новогодишните празници

По повод претстојните новогодишни празници ЈП ПОЦ известува дека на  31.12.2018 година (понеделник) отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот.

„Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на 02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2019 година  (четврток) со вообичаено работно време“, велат од таму.

Фото: ПОЦ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автопатот не е писта: Казнети 257 лица за брзо возење на релација Куманово-Велес и на обиколницата

Редакција

Двајца кумановци го ограбиле татка си: Му зеле 20.000 долари и 400.000 денари

Редакција

21-годишна струмичанка им помагала на двајца малолетници да силуваат малолетно девојче

Редакција