Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2018, изнесува 24.072 денари, што е намалување во однос на претходниот месец кога просечната плата изнесуваше 24.203 денари.
Во однос на јули, минатата година просечната месечна исплатена нето-плата по вработен се зголемила за 6.2 отсто.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (26.6 %), Информации и комуникации (15.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.6 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.8 %), Преработувачка индустрија (2.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1.2 %).