еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Пакетот мерки за нашата индустрија ниту е донесен ниту е објавен, велат од компаниите за организација на настани

Компаниите од индустријата за организација на настани и денеска ќе протестираа пред Владата од 12 до 15 часот, но исто така велат дека најмалку што очекувале од Владата биле „медиумски оркестрирани напади кон нив и извртување на фактите, наспроти простор и некоја минута за разговор и решенија.“

„Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзници кои беа први затворени и најмалку поддржани.

Точно е дека добивме помош со сите останати сектори, а тоа се шест плати и некои компании земаа кредити. И тоа се сé! А не работиме веќе 14 месеци.

Наместо да најдеме заедничко прифатливо решение, ни порачавте да ги тргнеме црните наочари. Дали треба да ги замениме со розови и останеме „таканаречена“ дејност?

Иако Владата го наметнува милионот како дефокус на нашите проблеми, пакетот мерки и еден милион евра (или два) за нашата индустрија, ниту е донесен, ниту e објавен.

Условите никој не ги знае, кој се ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите?

На пример, ако има 2.000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со нас компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје.

Кога ќе го објавите конкурсот, ќе можеме да коментираме, сугерираме, секако и да аплицираме. Сé останато се само ПР алатки за купување на време, но никако помош за зачувување на нашите компании.

Како и секогаш, ние сме подготвени за разговор. Ќе бидеме гласни за да не поканите, но прашањето е дали сакате да нé слушнетe!“, се вели во соопштението на Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани (ИВАП).

Фото: Фејсбук/ИВАП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хотелиерите работат со загуби, ги вратија работниците за да користат владини мерки

Редакција

Цените на угостителски услуги зголемени за 9,9% во однос на лани

Редакција

Познато кои видови на овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени: Домати, краставици, кромид…

Редакција