еМагазин
Image default
Техно

Паметно и економично перење со ECO SMART LIVING програмата на FAVORIT Electronics

Технологијата на оваа денешница не знае за граници. Од сите страни ни е олеснето функционирањето во брзиот живот, а најблагодарни сме на онаа технологија која што ни ги олеснува домашните обврски.

Паметните апарати за домаќинство во голема мера придонесуваат за значително подобрување на животот на домаќинствата, а одржувањето е поедноставно и полесно отколку во минатото.

Кој не би сакал чисти и миризливи алишта, а да се перени со помалку потрошена електрична енергија, вода, детергент? Кој не би сакал да заштеди на време и на пари? Светските компании посветија многу време за воведување на последните технологии во домаќинствата, а македонскиот бренд FAVORIT Electronics може и те како да се носи рамо до рамо со нив.

Станува збор за ECO SMART LIVING програмата која што претставува интелигентен начин како да спасиме време, енергија и пари. Со помош на оваа иновација во машините за перење FAVORIT Electronics, самата машина преку системот за автоматско детектирање препознава кога машината е половично полна со алишта и веднаш го скратува времето на перење со што автоматски ќе потроши помалку вода и електрична енергија , дури и до 50%. Оваа програма вам ви овозможува да уживате повеќе во вашето слободно време.

Перењето на алишта со ECO SMART LIVING програмата во машините FAVORIT Electronics станува полесно, поедноставно и штедливо. Оваа програма самата открива доколку машината е делумно полна и потоа самата пресметува колку вода и енергија е потребно за најекономично да ги испере веќе ставените алишта во неа.

Грижата за нашата животна средина започнува од секое семејство! Токму поради тоа FAVORIT Electronics заедно со програмата ECO SMART LIVING во својата понуда на машини за перење алишта допринесува за трошење помалку вода, помалку електрична енергија, како и економична употреба на детергентите.

Широкиот асортиман на машини за перење FAVORIT Electronics со различен капацитет од 5кг. До 9кг. Им дава можност на потрошувачите да одберат производ според нивните желби и потреби. . ECO SMART LIVING програмата ја имаат сите FAVORIT Electronics машини за перење алишта од 5кг. до 9кг. , тоа се следните модели : FAVORIT MP 5051 ; FAVORIT MP 5101; FAVORIT MP 6102; FAVORIT MP 7102; FAVORIT MP 8102; FAVORIT MP 9102; FAVORIT MPI 7104 i FAVORIT MPI 8124.

Машините за перење алишта со енергетска класа А++ и А+++, како и програмата ECO SMART LIVING на FAVORIT Electronics, ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија дури до 50%, а исто така гарантираат за максимално задоволство на желбите и потребите на корисниците.

Затоа при изборот на машина за перење алишта треба да се обрне внимание на две главни причини, дали сметките за електрична енергија и вода долгорочно ќе се намалат, а со тоа директно ќе влијаат на вкупниот домашен буџет и колку ќе биде помала потрошувачка на електрична енергија, со што ќе се влијае во зачувување на природните ресурси на животната средина и што е најважно ќе придонесе за почиста животна средина.

За подетални информации за машините за перење алишта на FAVORIT Electronics и нивните карактеристики посетете ја веб страницата на Favorit Electronics.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Vip лансира четбот базиран на вештачка интелигенција: „Славчо”е првиот четбот кој разбира и пишува македонски

Редакција

ГоДигитал ја започна програмата за меѓународна сертификација за консултанти за дигитална трансформација

Редакција

WITCON, tech конференција на 20. мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

Редакција