еМагазин
Image default
Балкан

Бугарскиот амбасадор Панајотов: Во интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија

Новиот бугарски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Георги Панајотов, кој беше вршител на должноста министер за одбрана во двете влади, минатата година, му ги предаде акредитивните писма на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој за БНТ изјави дека се уште нема реакција во САД на одлуката што ја донесе бугарскиот Парламент минатата недела, во врска со укинувањето на ветото за членство на Македонија во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Панајотов, не може да се зборува за притисок за одлука од САД. Нема притисок, дециден беше тој, велејќи дека минатата недела имал разговори со Стејт департментот, како и со американски пратеници и конгресмени.

-Притисок дефинитивно нема, но во интерес на САД е да нема сличен проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, но притисок немаше, изјави Георги Панајотов.

Тој најави дека за неколку дена ќе почне изработката на првиот ловец Ф-16 за Бугарија во САД.

Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена и официјално ги прими акредитивните писма на новиот бугарски амбасадор во Вашингтон. Пајотов изјави дека Бајден во разговорот им рекол дека Бугарија и САД се пријатели, сојузници и стратешки партнери.

Според Панајотов, Бугарија може да добие многу од продлабочувањето на односите со САД, кои се лидер на слободниот свет и столб на демократијата, светски шампион во технологија, најбогата земја со единствени воени способности, огромен пазар за стоки и услуги.

-Модернизацијата и просперитетот на Бугарија бараат блиска соработка со САД и јас ќе работам за тоа, вели Панајотов.

МИА/Фото: Панајтов/Фејсбук/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Невреме направи потоп во Загреб: Поплавени улици, подруми и заглавени автомобили

Редакција

Ја загуби битката со ракот: Почина Фофи Генимата, претседателката на грчката партија Движење на промена

Редакција

Познатиот хрватски молекуларен биолог Иван Џикиќ: Поголема е веројатноста од тромбоза ако летате до Австралија и од контрацепција, отколку од „АстраЗенека“

Редакција