еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Познатиот хрватски молекуларен биолог Иван Џикиќ: Поголема е веројатноста од тромбоза ако летате до Австралија и од контрацепција, отколку од „АстраЗенека“

Познатиот молекуларен биолог и директор на Институтот за биохемија на Гете Универзитетот во Франкфурт, Иван Џикиќ во интервју за хрватската РТЛ зборуваше за искуството со вакцината на „АстраЗенека“ и за ризикот од оваа вакцина.

„Се вакцинирав со „АстраЗенека„ по распоред во нашата болница. Имав мали нус појави, малку црвенило болки во раме и мала температура само една вечер. Засега е се добро,“ вели тој

Џикиќ вели дека сака да ги информира и едуцира граѓаните, бидејќи како што вели треба да сфатат колку е мала, навистина мала шансата да добијат сериозна компликација.

„Целата кампања која е во насока на промоција на вакцината мора да биде фокусирана на правилно информирање и слободна волја и одлука на граѓаните за прифаќање на тој ризик кој може да го има, но е мал,“ вели тој.

Според Џикиќ веројатноста од тромбоза е мала, но не треба да се занемарува.

„Исклучително е мала, но сеедно, кога тоа ќе се случи, медиумски звучи опасно и не смее да се занемарува. Треба да се испрати порака до граѓаните дека во животот тие преземаат многу, многу поголем ризик како што е возење со автомобил или авион.

Некогаш тие случаи се толку очигледни, но луѓето не размислуваат за тоа. Затоа, во таа кампања треба графички да им се презентира на граѓаните за тие да согледаат дека го прифатиле тој ризик, кој е составен дел од заштитата на себе и луѓето околу себе,“ вели тој.

Хрватскиот лекар вели дека помали се шансите да се добие тромбоза од вакцина, отколку ако се патува со авион во Австралија.

„Според податоците кои ги имаме засега, помала е шансата да се добие длабока тромбоза од вакцина со „АстраЗенека“, отколку ако од Европа патувате за Австралија со тие долги, долги летови.

Шансите да создадат длабока тромбоза кај жените се исто така големи кај оние кои користат контрацептивни средства.

Според податоците, повеќе од 100 милиони жени, на возраст од 16 до 30 години користат контрацептивни средства, а шансите да добијат тромбоза се 0,1 отсто.

За да се спречи малата шанса со тромбози од „АстраЗенека“, (тој 0,004 отсто) се спречува вакцинирањето на таа популација, бидејќи имаат и други вакцини. Гледате дека тоа е до три децимални броеви разлика,“ вели тој.

Тој исто така го коментираше ограничувањето на вакцинација со „АстраЗенека“ во повеќе земји.

„Ги почитувам регулаторните тела на секоја земја. Секоја земја има свое правило кое се базира на податоците кои постојат во нивните земји и податоците кои ги имаат врз основа на она кога се појавуваат такви длабоки тромбози кај генералната популација, имаат право да донесат одлука која ќе го штити тој мал, сосема мал број.

Во конкретниот случај со „АстраЗенека“ се уште не знаеме, не разбираме и не може воопшто да се објаснува, зошто се појавуваат тромбози во само две места, во венозен синус во мозокот и во дигеститвниот тракт.

Тоа неразбирање не остава и понатаму да бидеме многу внимателни. Поддржувам на пример кога земјите штитат таму и каде што се покажало. На пример во Германија од 31 лице кои имале длабока тромбоза, 29 биле жени помлади од 55 години.

Тоа е значително поголем број отколку што би се случило во генералната популација. За да се спречи малата шанса тоа да се случи, тој 0,004 отсто, се спречува вакцинирањето на таа популација, бидејќи имаат и други вакцини.

Најголемо богатство во борбата против Ковид-19 е да се има неколку видови на вакцини кои може да се користат за група на луѓе кои се дефинирани да можат од таа вакцина да имаат помалку штетни последици,“ додава тој.

Во однос на нус-појавите за другите вакцини вели дека за сега нема податоци за вака сериозни нус-појави. Такви податоци нема за „Фајзер“, а нема ни во САД каде што со „Фајзер“ и „Модерна“, се вакцинирани десетици милиони. Кај нив има друг вид на нус-појави, кои исто така се сериозни и мора за нив да се знае.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со „АстраЗенека“ се превенираат 30.000 починати од Ковид-19 на еден милион луѓе, наспроти еден од тромбоза вели Петличковски

Пановски: Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000

Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“, препорачуваат од Европската агенција за лекови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во Центар, Кисела Вода, Штип, Велес, Прилеп…

Редакција

(Видео) Најмалку 28 рудари загинаа, а околу 50 се заробени во рудник за јаглен во Турција по експлозија на трансформатор

Редакција

Македонскиот клуб во Благоевград се отвара со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес

Редакција