еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пандемијата со Ковид-19 ја зголеми анксиозноста и депресијата кај адолесцентите

Како да се препознае анксиозност и колкава е свесноста за кризата со менталното здравје по пандемијата, се прашањата на кои стручни лица се обидоа да дадат одговор на онлајн дебатата во рамки на отворените разговори за менталното здравје во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“, под наслов „Пандемија во пандемија. Криза на менталното здравје. Знаеме ли што ни се случува?“.

На дебатата беше нагласено дека нарушувањето на менталното здравје се зголемило во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и дека пандемијата станала дополнителен ризик-фактор за луѓето, додека пак, лицата кои се соочуваат со вакви проблеми понекогаш не се свесни за својата состојба.

Психологот и гешталт терапевт, Ана Попризова, појасни дека по појавата на пандемијата анксиозноста и депресијата се зачестена појава особено кај младите, таа информира дека според одредени истражувања на прашањето како се чувствуват во текот на две недели секој ден од околу пет илјади примероци, од младите кои следат настава на македонски јазик 26 проценти од момчињата и 45 проценти од девојчињата изјавуваат дека се чувствуваат тажно и безнадежно речиси секој ден во текот на две недели.

Од друга страна кај адолесцентите кои следат настава на албански јазик податоците покажуваат дека 28 проценти од момчињата и 51 отсто од девојчињата се чувствуваат тажно и безнадежно.

Ова, според психологот Попризова, се загрижувачки податоци. Појасни дека анксиозноста е чувство кое младите не го доживеале претходно и го објаснуваат така што се повикуваат на главоболки или болки во стомакот, а оваа состојба според неа најчесто резултира со намален училишен успех и одбивност за посета на училиште.

-За анксиозните адолесценти ситуацијата на онлајн настава беше многу привлечна, бидејќи беа комфорни се чувствуваа безбедно од дома да се вклучуваат, оној момент на социјална анксиозност што значеше запознавање и комуникација со пријатели им беше олеснат, затоа што не мораа да се вклучуваат со камера, или да се изложуваат на дополнителен контакт, и сега тој премин во настава со физичкко присуство предизвика кај многу ученици да се појави анксиозноста како реакција на одењето во училиште, заклучи психологот.

Порача дека на овие лица седојдневно им е потребна потврда дека се доволно добри, појаснувајќи дека им е потребно за да се почувствуваат забележано, односно дека тоа што го направиле има позитивен ефект.

Она што беше потенцирано како проблем по појавата на пандемијата е проблемот со концентрација кај младите.

-Особено актуелно по пандемијата е проблемот со концентрација, тоа се случува затоа што тоа според одредени истражувања има врска со преголемата активност на социјалните мрежи, младите се сакаат брзо да се случува и оној дел на читање текст, читање на учебници им прави проблеми и не може да се сконцентрираат, изјави Попризова.

Според она што го истакнуваат организаторите на настанот, повеќе од 450 милиони луѓе во светот страдаат од нарушување на менталното здравје, а околу 20 отсто од децата и адолесцентите имаат ваков тип на проблеми, се вели во извештајот на Светската здравствена организација.

Инаку, од денеска во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ започнуваат отворените разговори, кои имаат за цел подигнување на јавната свест за состојбите со менталното здравје и иницирање промена во ставовите кон овие прашања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледаат новите регистарски таблички со ознака НМК

Редакција

(Табела) Детален преглед на вакцинирани по градови: Најмногу во Неготино, најмалку во Гостивар

Редакција

(Фото) По реакциите во јавноста: Сонцето останува, Македонија на Европското првенство ќе игра со старите дресови

Редакција