еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Пандев: Против Украина одиме на сè или ништо

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, даде свое видување за денешниот дуел со Австрија, кој заврши со победа на противникот со 3:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторот Ангеловски: Главата горе, одиме понатаму!

– Одигравме добри осумдесетина минути. Знаевме дека во второто полувреме Австрија ќе притисне. Тие се физички многу помоќни од нас. Имаат добра клупа. Ние имавме некои контри што требаше подобро да ги искористиме, но таков е фудбалот.

Примивме несреќен втор гол и мислам дека тогаш натпреварот беше решен, изјави Пандев.

Тој очекува исто така тежок натпревар во второто коло против Украина.

– Сега треба добро да се подготвиме за Украина. Овој натпревар за нас ќе биде одлучувачки.

Треба да играме напаѓачки, на сè или ништо, додаде македонскиот капитен Пандев и им се заблагодари на навивачите кои допатуваа во Букурешт и во текот на целиот натпревар даваа голема поддршка на „црвено-жолтите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И сопругата на Заев од трибина во Букурешт ги бодри македонските фудбалери

(Фото) Пендаровски со Панчев и австрискиот амбасадор го гледаше натпреварот на Македонија со Австрија

Фотографија на денот: Македонци, Албанци, Турци заедно за Македонија

МИА/Фото: ФФМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на Институтот за национална историја укажува на штетноста на билатералните протоколи со Бугарија

Редакција

Родовиот јаз во економијата чини 18% од БДП во Македонија

Редакција

Беран Алији, главниот осомничен за планирање терористички напади во Виена, ретко доаѓал во Гостивар

Редакција