еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пантенол за здрава и хидрирана кожа во студени денови

Сувата кожа побрзо старее. Груба е, без сјај, непријатно пецка и затегнува затоа што има намалена еластичност и е склона кон брчки. Доколку не се реагира брзо, тогаш може да продолжи со црвенила и да испука. Причините може да бидат разновидни – намалено лачење на лојните жлезди, стресот, животните навики, генетиката. Во доцна есен и зима, кожата ја губи убавината поради изложеноста на студот и неправилната нега.

Пантенолот како средство за нега на кожата се користи со векови. Придобивките се бројни, но за потребата од негово користење во текот на зимата, кога на кожата и е потребна многу поголема заштита и треба да се избираат производи кои не го сушат епидермисот – површинскиот, односно главниот слој на кожата, зборува и д-р Дејан Филиповиќ, специјалист дерматовенеролог од Клиниката за дерматологија.

„Пантенолот го користиме со векови за хидратација на кожата, но и за лечење рани или други повреди на кожата, за спречување брчки, односно стареење и за давање младешки изглед на кожата. Тоа е дериват на витамин Б5, кој кога ќе се нанесе на кожата лесно навлегува во неа и влијае и на регенерација на клетките“, вели д-р Филиповиќ.

Потребата од редовна хидратација на кожата, наутро после миење на лицето и навечер пред легнување, според д-р Филиповиќ помага да се обнови кожата, која е и најголем човеков орган како прв одбранбен систем на телото.

„Пантенолот на пазарот го има како маст и крема, но сега го има и во форма на пена што го олеснува и нанесувањето на кожата. Пената е многу ефикасна и ако редовно и лесно се нанесува на телото после секое бањање, се намалува сушењето што го предизвикуваат геловите и купките што ги користиме.

Тие го отстрануваат кератинскиот слој на епидермисот со што ја намалуваат бариерата и заштитата. За да се обнови таа бариера и да се освежат клетките, потребно е добра хидратација. Пантенолот го постигнува тоа и дозволен е за користење кај сите возрасти. Пантенолот го има и во човековата кожа како природна супстанца.

Значи тој е хипоалерген и кај децата може да се користи уште од најмала возраст и при појава на пеленски дерматит или атописки дерматити. Пантенолот се користи и после тетовирање и депилација, бидејќи има смирувачко дејство врз црвенилото што се јавува во вакви ситуации“, вели д-р  Филиповиќ.

Пантенол 9% пена на Галеника е најновиот производ на домашниот пазар што  ја штити кожата од сушење и се нанесува лесно. Искуствено докажан и научно препорачан за сува кожа, пантенолот во студените зимски денови ја дава потребната заштита за здрава кожа.

Пената ја балансира содржината на влага во кожата изложена на ветер, студ и вода, ја освежува, регенерира и ја одржува влажна и негувана. Се препорачува и за чувствителна кожа, а може да се користи пред или после туширање.

Пантенол 9% пена лесно се нанесува на површината на телото и е погоден за нега на големи делови од кожата, како и по депилација. Брзо се впива и не остава траги.

Фармацевтската компанија Галеника пред повеќе од 60 години започнала со производство на препарати на база на пантенол со витамин Б5. Денес покрај Пантенол 9% пена имаат и богат избор на Пантенол производи наменети за нега на кожата, косата, но и на усната шуплина.

Пантенол крем е наменет за нега и зачувување на правилната функција на кожата. Ја враќа природната влажност, мекост и еластичност на кожата. Се препорачува за нега по мали гребаници, после сончање, за алергиски промени, чешање, црвенило и печење, за нега на сува и груба кожа, како и за нега на кожата после бричење. Ја остава кожата мека и сензуална.

Пантенол маст ја обезбедува кожата со потребните хранливи материи и дава мазност, сјај и ја зголемува еластичноста. Се препорачува за нега после сончање, за иритации на наборите на кожата, за нега на атопична и иритирана кожа, за нега на локализирани регии на лицето и телото, како и за нега на постара, сува и уморна кожа на лицето. Ја остава кожата блескава, здрава и негувана.

Пантенол раствор е наменет за нега на коса, кожа и слузница. Се користи и за нега на кршлива и недоволно пигментирана коса и коса без сјај, како и за нега на коса третирана со фарбање, минивал или обликување при високи температури. Косата останува сјајна, хидрирана и бујна, а во исто време го храни и смирува скалпот. Растворот Пантенол се препорачува, за спречување на иритација по бричење и за нега на брада кај мажите.

ПР-ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче со апел за денешниот празник Св.Никола: Да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик

Редакција

(Фото) Зоран и Зорица Заеви на оперски бал во Виена

Редакција

Велипеток, најтешкиот ден во годината

Редакција