еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Филипче со апел за денешниот празник Св.Никола: Да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик

Министерот за здравство Венко Филипче упати апел до граѓаните кои денеска го слават верскиот празник Св. Никола, со негрупирање во домовите да помогнат на здравствениот систем во борба со коронавирусот.

„Апелирам, овој празник денеска да го прославиме не како што знаеме традиционално со собири. Да останеме сите дома, да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик во склоп на оваа криза.

Верувам дека новите мерки ќе дадат уште подобри резултати. Се намалува бројот на пациентите којшто се примаат во болниците и верувам дека граѓаните со својата свест и совест сериозно ќе помогнат на здравствените работници,“ рече Филипче, кој денеска беше во Кавадрци каде што Фондацијата „Никола Јанчев“  донираше еден милион денари за обезбедување на централен довод на кислород за модуларната болница во Општата болница со проширена дејност Кавадарци.

Денешниот празник Св.Никола е најчеста слава во домаќинствата, а се слави и како именден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анализа на професорот Трајковски: Епидемијата со Ковид-19 забавува, прогнозите се добри, но болниците бавно се празнат и речиси се полни

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попладне краткотраен пороен дожд и грмежи

Редакција

Денеска променливо облачно и релативно топло време, со врнежи од дожд

Редакција

(ВИДЕО) Водич за деца за коронавирусот

Редакција