еМагазин
Image default
Локално

Паркирањето на „Орце Николов“ во Дебар Маало ќе биде само за резидентите

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје воведе резидентно паркирање на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови.

– Согласно Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, паркиралиштата на ул. „Орце Николов“ (на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до ул. „Рузвелтова“) ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите кои живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр. 69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146.

Сите жители кои живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта преку ПОЦ мобилната апликација, веб платформата www.poc.mk или во катната гаража „Судска Палата“. Жителите кои веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта, информира ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Веќе од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на ул. „Орце Николов“, а не се корисници – резиденти на истата, ќе бидат санкционирани со механичко средство „Блокатор“ или со специјално возило „Пајак“.

– Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар- Скопје, донесена од Управниот одбор на јавното претпријатие, беше изгласана на 11-та седница на Советот на Општина Центар одржана на 9 јуни 2022 година, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) 49-годишна жена загинала во сообраќајката на автопатот Куманово-Табановце

Редакција

Во СВР Тетово околу 300 повици за време на полицискиот час

Редакција

Гостиварец почина откако му паднале шипки на глава од камион со кој се разминувал

Редакција