еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Пародија на протоколот за свадби: Свекрвата задолжително да биде на дистанца од снаата 100 метри

Милчо Велјаноски е правник по професија, а на пошироката јавност и е познат по неговите сатирични фотомонтажи на Фејсбук.

Потврда на тоа е, пародијата која ја објави по повод ковид-протоколот за организација на свадби.

-Свекрвата задолжително да биде на дистанца од снаата 100 метри.

-Забрането е инсајдерско прибирање информации кој сват од која страна е.

-Забрането e оговорање за фризурите.

-Забрането е младоженците да бидат подложени на анализа од страна на роднините од спротивниот табор.

-Горењето на ќесето од кумот да се одвива според посебен протокол.

-Зборовите од типот „Свадба е голема“ се заменуваат со зборовите „Свадба е протоколарна“ а зборовите „Две музики свират чалгии“, со зборовите „По два протоколи свират чалгии“ итн.

-Забрането е присилно викање на оро со зборовите „Стани играј, срамота е“.

-Забрането е нагло забрзаување на орото и изненадувачка промена на тактот.

-Забрането е групирање и тегнење при фрлање на бидермаерот. Невестата е должна бидермаерот да го фрли од 1.000 метри далечина.

-Забрането е на неженетите и на немажените да им се кажува „Ај па на твоја глава“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На гостите ќе им се мери температура, играње на дистанца, забрането ракување и гушкање: Како ќе изгледаат свадбите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во новата декларација на Бугарија за Македонија

Редакција

Вучиќ побара од Владата, Србија повторно да ги вакцинира граѓаните на Македонија бесплатно

Редакција

(Видео) Каков напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани од бродската несреќа, вели адвокатот на обвинетиот за нападот на Пендиков

Редакција