еМагазин
Image default
Македонија

Партија за движење на Турците во Македонија: Новиот косовски амбасадор во Македонија е непожелна личност

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП), како и целата турска јавност во Р. Македонија, но и пошироко, со голема доза на разочараност и огорченост ја примивме веста дека новиот амбасадор на Р. Косово во Р. Македонија ќе биде токму лицето Ѓерѓ Дедај, кој претходно додека ја вршеше функцијата заменик министер на Р. Косово во повеќе наврати даде скандалозни, навредливи, крајно фашистички изјави кон турскиот народ, стои во рекацијата на ТХП.

„Категорични сме дека човек кој има ваков фашизоиден и примитивен ментален склоп во ниту еден случај не смее да биде амбасадор во нашата земја која во сите сегменти максимално се труди да ја негува и промовира мултиетничноста како една голема придобивка за целото општество. Сигурни сме дека прифаќањето на дотичната личност како амбасадор во Р. Македонија ќе резултира негативно врз мултиетничките релации во нашава земја и регионот, но и ќе влијае негативно и кон пријателството со Р. Турција.

Веруваме дека во име на промоција на позитивните вредности во целиот регион, но и за зацврстување на пријателството со Р. Турција ќе ги искористете сите Ваши ингеренции и нема да дозволете ваква контроверзна личност да биде именуван како амбасадор во Р. Македонија.

Партијата за Движење на Турците (ТХП) и целата турска јавност во следните денови будно ќе ги следи сите случувања и ќе превземеме порадикални демократски чекори за решавање на овој проблем“, стои во рекцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче очекува полицијата да стигне до лицата кои не примиле решенија за самоизолација

Редакција

Се огласија бугарските интелектуалци: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик

Редакција

Се најавува нова средба за Законот за јавно обвинителство, партиите до утре треба да поднесат амандмани

Редакција