еМагазин
Image default
Македонија

Партнерството помеѓу СДСМ и ДУИ стабилно, а довербата помеѓу Заев и Ахмети голема, вели премиерот

Партнерските односи со ДУИ се стабилни, довербата помеѓу мене и лидерот на партијата Али Ахмети е голема. Свесни сме дека имаме одредени слаби кадри во нашите редови и затоа и зборуваме за промените и тие се случуваат.

Јавноста ги лови слабостите и затоа се случуваат корекции и во СДСМ, и во ДУИ, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање колку е стабилна коалицијата со Демократската унија за интеграција.

Во врска со обвинувањата за криминал што кон директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство ги упати сега разрешениот економски директор на ГАК Ваљон Беља, кадар на ДУИ, Заев рече дека проблемите со него биле поодамна и дека Беља бил планиран за смена уште пред да биде разрешен од министерот Венко Филипче.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Koj e Ваљон Беља: Од ранување во Чаир до разрешување од директорското место во Гинекологија

Филипче го разреши Ваљон Беља, економскиот директор на Клиниката за гинекологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Таргет – Тврдина“ и „Транспортер“

Редакција

Македонците како никој во Европа разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, вели украинскиот министер Кулеба

Редакција

Ќе се разгледа можноста македонските државјани да можат да прават ПЦР-тест на граница, најави Филипче

Редакција