еМагазин
Image default
Локално

Патеката од езерото на Матка до манастирот Св. Никола Шишевски ќе биде затворена: Чамците нема да префрлуваат патници и туристи

Денеска ќе се чисти централната карпа на Матка од лабави блокови, информираше Македонската алпинистичка федерација (МАФ).

„Поради опасност од блокови и камења кои ќе паѓаат, патеката од езерото до манастирот Св. Никола Шишевски ќе биде затворена за поминување. Чамците нема да префрлуваат патници и туристи.

Акцијата за чистење и замена на дел од клиновите на карпата на Матка е подржана од Агенција за промоција и поддршка на туризмот“, се вели во соопштението.

Фото: МАФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година

Редакција

Трагедија: Приколка смачка жена по превртување на трактор

Редакција

МВР со детали за тепачката на „Рузвелтова“: Тешко повредено едно лице, еден во бегство

Редакција