еМагазин
Image default
Балкан

Патријарх Вартоломеј: Ќе се вакцинирам против Ковид-19, пандемијата не треба да се негира

Пандемијата го промени социјалниот живот, нашето секојдневие, нашето учество во животот на Црквата и целиот овој период нѐ трогнуваат страдањата на безброј ближни луѓе и ни остава впечаток самопожртвуваноста на лекарите и болничарите, па затоа е неприфатливо, наспроти толку жртви и толкава болка, да постојат луѓе кои ја негираат стварноста на пандемијата, сметајќи дека таа е творба на некакви кругови, вели вселенскиот патријарх Вартоломеј во интервју за атинскиот весник „То Вима“.

– Уште повеќе провокативно е кога таквите ставови се изразуваат од страна на христијани, често и од клирици. Тие не се грижат за заштитата на ближниот човек. Отфрлањето на маската и на сите мерки за заштита не доаѓа едноставно од незнање, туку од умртвување на љубовта внатре во нив.

Кога науката отвора благопријатни перспективи за иднината на човештвото, таа претставува дар од небото. Нормално е дека не е засегната нашата вера тогаш кога ги следиме упатствата на стручните.

Ниту ограничувањето на учеството во богослужбите го намалува значењето на храмот и на она што во него се извршува за животот на верниците. Заштитните мерки не се насочени против Црквата. Тие ги заштитуваат верниците, кои, како и сите други, еднакво се изложени на вирусот, нагласува патријархот.

Тој потенцира дека ќе се вакцинира против коронавирусот, бидејќи како што вели тоа му го налага и неговата возраст.

– Припаѓам на возрасната група што треба да се вакцинира. Но, не е само прашање на потреба или избор, туку и одговорност кон ближниот човек. Затоа се надевам дека наскоро ќе се вакцинира најголемиот дел од светското население, за да запре ширењето на убиствениот вирус.

Секако, дотогаш сите сме должни со точност да ги пазиме заштитните мерки, како не би оплакувале повеќе жртви, потенцира Вартоломеј.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ за Груевски и Медојевиќ: Ако ние така прогонуваме луѓе, цел свет ќе не осудеше

Редакција

Албанија од 1 мај ги укинува сите анкти-ковид мерки

Редакција

40 лица на 1.000 метри квадратни: Грција ги отвара плажите, летувањето ќе биде уживанција

Редакција