еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Приведен жител на Вевчани поради закани за убиство на Заев и Пендаровски на Фејсбук

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2020 полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Г.П.(45) од Вевчани, информира МВР.

Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.

При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведениот како што може да се слушне во видеото се заканува со убиство на премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

Фото: Влада/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои вакцини во Македонија најмногу спречија смртен исход од Ковид-19

Редакција

Границата со Грција останува затворена најмалку до 19 април

Редакција

Пулмологот Анѓелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев е човекот кој падна во кома по вакцинацијата во Ниш и се бори за живот

Редакција