еМагазин
Image default
Македонија

Павле Беловски избран за в.д. претседател на ССНМ

Павле Беловски беше избран за в.д. претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на Собранието кое се одржа во саботата, информираат од таму.

На Собранието кое за првпат се одржа онлајн, Беловски едногласно е избран за претседател на ССНМ, каде го наследува Ѕвездан Георгиевски, кој ја водеше организацијата во изминатите две и пол години.

На Собранието е донесена и одлука за проширување на Извршниот одбор (ИО) од досегашните 9 членови на 13, пред се со синдикалните претставници од медиумите кои имаат формирано синдикални групи.

Покрај Маја Јовановска, Павле Беловски, Тамара Грнчароска, Роберт Атанасовски и Теофил Блажевски, кои учествуваа во работата на ИО и во изминатиот период, дел од Извршниот одбор на ССНМ во наредниот ќе бидат и Сунаи Сабриоски, Зоран Маџоски, Марина Илиевска, Тамара Чаусидис, Теодора Цветковска, Жарко Јорданоски, Перо Момировски и Игор Стефановски.

На Собранието биле разгледани и активностите на ССНМ во минатата година, од кои биле издвоени потпишувањето на Колективниот договор со МИА, низа јавни дебати и работилници, издавање на публикацијата „Новинарството како јавно добро“ и други тековни активности поврзани со работничките права на новинарите и медиумските работници.

Усвоен е и приложениот финансиски извештај за работата на ССНМ за 2020 година, а е усвоена и измена на Деловникот за работа на Собранието што се однесува за користење на електронска платформа за одржување на седници.

Фото: Фејсбук/Беловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи доставил нови документи до СЈО за да покаже дека работел законски

Редакција

Ревакцинирани вкупно 206.163 граѓани

Редакција

Стигнаа 10.530 вакцини на „Фајзер“, купени со директни преговори со производителот

Редакција