Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-декември 2020 година на Пекабеско АД Скопје изнесуваат рекордни 159 милиони денари во последните 8 години, информираат од компанијата преку Македонската берза.
“Вредно е да се истакне дека покрај континуираното вложување во производствена опрема и транспортни средства за првпат е активирана и нова линија за гас“, велат од компанијата.
Информираат и дека во компанијата на крај на периодот јануари-декември 2020 бројот на вработени изнесува 453 и е помал во однос на 2019 за 19 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекабеско лани со намалена добивка
„Пекабеско“ оствари добивка од 75,4 милиони денари за девет месеци
Колкави биле примањата на Слободан Кутревски и на менаџментот на Пекабеско лани
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.