еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Ако Путин употреби нуклеарно оружје, ќе биде хорор во кој ќе се најдеме сите

Повикот на рускиот претседател Владимир Путин за дополнителна мобилизација во Русија, според шефот на државата Стево Пендаровски, може да ги влоши состојбите во Украина, но и во целиот свет.

Во интервју за ТВ Клан Македонија тој додава дека не може да се предвиди текот на настаните, но доколку рускиот претседател употреби нуклеарно оружје, тоа ќе биде „хорор за светот“:

– Овој последен развој на настаните, со дополнително поивикување на 300.000 војници од руската резерва, со наредба на претседателот Путин, мислам дека само ќе ги влоши состојбите. Тоа покажува дека тој човек навистина живее во некоја паралелна реалност.

Се плашам дека ако и понатаму не му оди добро на воен план, дека може да размислува за преземање на порадикални мерки, па дури и, како што се спомнува во некои анализи, таканаречено тактичко нуклеарно вооружување што би било апсолутена пропаст за светот.

Не можете туку така на микро ниво да употребувате нуклеарно оружје и да сакате да остварите некакви парцијални цели. Ако биде, не дај Боже, тоа ќе биде почеток на нуклеарна војна, а сите знаеме како тоа завршува. Нема да биде холивуидски филм, за жал ќе биде хорор во кој ќе се најдеме сите ние, вели претседателот Пендаровски.

Од друга страна, како што истакнува шефот на државата, го радува тоа што за една ваква дирекна агресија, од држава членка на ОН и на Советот за безбедност, кон друга членка на ОН, целиот демократски свет, па и оној што е помалку демократски, комплетно се обедини, не само за праќање оружје таму, туку и во политичката осуда.

– Сто четириесет и една држава ја осуди руската инвазија во Украина, во март, на самиот почеток на инвазијата. Тоа е мнозинство какво што не е забележано кон голема држава, никогаш во историјата на ОН, нагласува Пендаровски во интервјуто.

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Методија Димовски именуван за нов генерален секретар на Владата

Редакција

Lyca Mobile стана МТЕЛ, заврши процесот на аквизација

Редакција

Антикорупциска ќе истражува дали директорката Пановска „местела“ тендери во корист на татко и

Редакција