еМагазин
Image default
Свет

Кремљ ги нарече „помали демонстрации”: Полицијата уапсила над 1.500 демонстранти во Русија

Полицијата уапси над 1.500 демонстранти во Русија, покажаа извештаи на руски организации за човекови права.

Луѓето протестираа во голем број руски градови, откако претседателот Владимир Путин најави мобилизација на 300.000 регрути за војната во Украина.

Како што пишуваат дел од медиумите, станува збор за најголемите протести во Русија од демонстрациите што избија по објавувањето на почетокот на руската офанзива во Украина во февруари.

Демонстранти извикуваа „Не за војната”, „Не за мобилизацијата”, „Путин во ров”.

Полицијата користеше сила при соочувањето со демонстрантите.

Поединци излегоа на улица и покрај заканите дека со законот донесен пред неколку месеци може да се добие и 15 години затворска казна.

Протестите во речиси 40 градови Кремљ ги нарече „помали демонстрации”.

Ирина Волк од руското Министерство за внатрешни работи изјави дека полицијата ги спречила обидите за организирање незаконски акции и имало многу мал број учесници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Запален центар за регуртација, протести низ цела Русија по повикот на Путин за мобилизација

(Видео) Трогателни сцени од мобилизацијата во Русија

МИА/Фото: Sota

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Нов Зеланд прв смртен случај по примена Фајзер вакцина

Редакција

Европска унија во Норвешка бара алтернатива за рускиот гас

Редакција

Рускиот опозиционер Алексеј Навални излезе од вештачка кома

Редакција