еМагазин
Image default
Свет

Европска унија во Норвешка бара алтернатива за рускиот гас

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стор, стратешка земја во однос на набавката на гас во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фон дер Лајен пред почетокот на средбата со норвешкиот премиер изјави дека Европската Унија е решена да се ослободи од зависноста од рускиот гас и и се заблагодари на Норвешка за нејзината улога во оваа цел.

– Ќе разговараме за енергијата. Русија ја инструментализира енергијата со месеци, ако не и години, за да врши притисок врз Украина, но и врз ЕУ, и ние сме решени да излеземе од зависноста од рускиот гас, рече Фон дер Лајен.

Претседателката му се заблагодари на норвешкиот премиер, и додаде дека неговата земја секогаш била партнер од доверба кога и бил потребен гас на Европската Унија.

Гасот за ЕУ е важен рече таа, но е транзициски извор на енергија, бидејќи конечната цел на ЕУ е да се сврти целосно кон обновливите извори на енергија до 2055.

– Тоа е стратешка инвестиција во нашата независност, изјави Фон дер Лајен пред почетокот на средбата со Стор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европејците ќе плаќаат и до 2.000 евра за илјада кубни метар руски гас, а Србија и Унгарија 270 евра

Путин тврди дека Русија ќе продолжи со непрекинати испораки на гас на светските пазари

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По „Синиот кит„, нова опасна игра, „Момо“ се шири на социјалните мрежи

Редакција

Пандемијата со Ковид-19 може да трае уште 7 години, ако богатите земји не ги поделат вакцините

Редакција

Кујтим Фејулаи, по потекло од Македонија стои зад терористичкиот напад во Виена, потврди австриската полиција

Редакција