еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европејците ќе плаќаат и до 2.000 евра за илјада кубни метар руски гас, а Србија и Унгарија 270 евра

Добредојдовте во светот во кој Европејците ќе плаќаат и до 2.000 евра за илјада кубни метар руски гас, напиша рускиот премиер Дмитри Медведев на Твитер, по најавите дека германскиот канцелар Олаф Шолц ќе ги повлече документите за отворање на гасоводот „Северен тек 2“, а Белата куќа ги поздрави санкциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради одлуката на Путин за признавање на Доњецк и Луганск, Германија го суспендира Северен тек 2

Додека Европа спрема свој пакет економски санкции, а Велика Британија веќе го стори тоа, единствени европски земји кои ќе имаат евтин гас зимава се Србија и Унгарија.

Истовремено, Германија размислува за градење на свои капацитети за природен течен гас (ЛНГ), наместо руски гас. Но, според министерот за енергетика на Катар ваквата замена не е можна преку ноќ, ако се земе предвид дека Русија во моментов снабдува 40 отсто од гасот за ЕУ.

Тој е скептичен и дека неговата земја, Катар, може да пренасочи повеќе од 15 отсто од гасот за да ѝ помогне на Европа, бидејќи остатокот е „таксан“ со други договори во Азија.

Никој не може да го замени рускиот гас

„Кремљ се надева дека одложувањето на „Северен тек 2“ е привремено“, рече Дмитриј Песков, првиот човек на Кремљ.

Ниту Катар ниту другите земји-производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас течен природен гас (liquified natural gas – ЛНГ) доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт, предупреди денеска министерот за енергетика на Катар, Саад ал-Кааби.

„Рускиот удел во снабдувањето на Европа, мислам дека е од 30 до 40 отсто. Ниту една земја не може да замени таков волумен (гас), нема капацитет за такво нешто во ЛНГ. Поголемиот дел од ЛНГ е поврзан со јасни долгорочни договори и одредишта. Затоа е речиси невозможно да се замени толкаво количество (гас) за краток рок, објасни катарскиот министер.

Тој предупреди и дека Катар може да пренасочи само 10 до 15 отсто од продадениот гас кон Стариот континент, а остатокот е врзан со долгорочни договори во Азија.

Србија ќе плаќа 270 евра, но има договор само за шест месеци

За разлика од повеќето европски земји, Унгарија се договори со Русија за испорака на гас за период од 15 години, а Србија по истекот на шестмесечниот договор со Русија треба да почне преговори за долгорочно снабдување.

Според Душан Бајатовиќ, директор на „Србијагас“, гасот нема да поскапи за индустријата и граѓаните до крајот на грејната сезона и потсети дека претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин договориле 60 отсто од гасот по цена од 270 долари за илјада кубни метри, а остатокот да се купува по берзански цени, а од трговците по цена повисока за провизија.

Германија размислува за изградба на терминал за ЛНГ

По руско-украинската криза и запирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2, во Германија се забрзуваат подготовките за изградба на инфраструктура за течен гас (ЛНГ) и пред сè терминал за ЛНГ што треба да се изгради во близина на Хамбург.

„Украинската криза, но и поскапувањето на енергенсите ни покажаа дека Германија мора да биде понезависна од билатералните договори со одделни земји, изјави министерот за економија на сојузната покраина Долна Саксонија, на чија територија треба да се изгради терминалот „Штад“.

Друга можна локација за терминалот е Брунсбутел, од другата страна на устието на Елба, во сојузната држава Шлезвиг-Холштајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин тврди дека Русија ќе продолжи со непрекинати испораки на гас на светските пазари

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатиот маж од коронавирусот во Штип имал двострано воспаление на белите дробови

Редакција

Вучиќ на „Отворен Балкан“: Да ја зајакнеме соработката за да си помогнеме да ја преживееме зимата

Редакција

(Видео) Груевски на прошетка во трговски центар во центарот на Будимпешта

Редакција